Што да облечете денес?

29 јануари 2014

За оваа студена и снежна среда ви предлагаме топла спортска комбинација од пастелни бои и џинс.  Потребни ви се: цигара фармерки од светол џинс, пастелно розова блуза со принт од бели точки и топла јакна со крзно од внатрешноста. Бидете во склад во надворешноста, со тоа што парчињата облека ќе ги надополните исто така со светли аксесоари, како шал, ракавици и пастелна нијанса на рамни чизми до колена. Имајте убав ден!

Објавено:
29 јануари 2014
Категорија: 
Тренд