Што да облечете денес?

19 декември 2013

Поради студеното и снежно време ви предлагаме кежуал спортска комбинација во која ќе се чувствувате удобно и топло. Одлучете се за црните фармерки во цигара крој, блузон во сиво црна нијанса со качулка и секако најтоплото палто со крзно што го имате. Исто така, облечете ги и рамните чизмички со крзно од внатрешната страна и подготвени сте да чекорите според условите што ги поставува времето. Секако не ги заборавајте дебелите плетени аксесоари како шал, ракавици и шапка. Имајте убав ден!

Објавено:
19 декември 2013
Категорија: 
Тренд