Што да облечете денес?

11 април 2014

За овој петок времето ги поставува условите за тоа што да облечете денес, па иако е тмурно, сиво и врнежливо, токму преку гардеробата разведрете со светли бои и парчиња соодветни за вакви временски неприлики. Во нашата денешна предлог комбинација преовладуваат пастелните нијанси на кои им контрира темно црвената и дискретниот црн принт од транспарентната кошула. Култниот мантил со нагласена половина комбинирајте го со кошула од некој лесен лелеав материјал која пак во долниот дел ќе ја комбинирате со фармерки. Веруваме дека чизмите се уште не сте ги спакувале, па во зависност од тоа што го имате на располагање облечете ги оние рамните до глужд или пак гумените чизми кои се наменски за дождливо време. Секако, не го заборавајте чадорот и понесете го оној што ќе соодветствува со парчињата облека. Имајте убав ден!

Објавено:
11 април 2014
Категорија: 
Тренд