Што да облечете денес?

28 март 2015

983f8ddbd138577dacdd51975bc8685f

Со оглед на тоа дека студеното време се' уште не сака да си оди, денес предлагаме една потопла комбинација. Иако времето надвор е тмурно и врнежливо, ние се одлучивме за една светла комбинација со која ќе и' пркосиме на сивата сабота.

Така, нашиот денешен избор е бела блуза, односно џемпер, кој ќе го комбинирате со вашиот омилен џинс. Јакната нека ја замени плетена наметка во беж боја, која ќе ја украсите со ремен во пределот на половината.

Бидејќи е дождливо, чизмите нека бидат вашиот избор на обувка за денес. Ние се одлучивме да бидат кафени и ги усогласивме со чанта во беж боја со кафени детали. Премногу накит не ви е потребено, па дискретни обетки се сосема доволни да го дополнат севкупниот изглед. Ако сте од оние со осетливи очи на тмурно време, тогаш од модните додатоци земете си ги и очилата за сонце.

Нека лошото време не ве спречи да ги правите вашите омилени активности.

Објавено:
28 март 2015
Категорија: 
Тренд