Што да облечете денес?
•
30 јануари 2014
Денеска внесете суптилна егзотика во вашиот изглед и покрај зимското сивило. Нема да направите погрешен избор ако се одлучите за топли хеланки со принт кој асоцира на темпераментниот дух на Африка и го комбинирате со едноставен црн топ. Временските услови наметнуваат потреба од облека во повеќе слоеви, а тоа може да го искористите за да го облечете вашиот омилен кардиган под удобното палто. Чизмите се најсоодветен избор за овој период од годината, па за оваа комбинација соодветни би биле средно високи чизми во спортско-елегантен стил.