Дизајнерот за кој најпрепознатлив синоним се животинските принтови, Роберто Кавали, во една прилика изјави: Зошто би требало се' да биде црно? Модата би требало да биде забавна и да ги стави жените под рефлекторите, а покрај тоа и со голема доза на егзотика и опасност.
Животинскиот принт е одличен начин со својот животен стил да покажете малку храброст.
Ако комбинирате животински принт преку моден аксесоар, тогаш ќе внесете елемент на опасност во вашата секојдневна, работна рутина, а доколку облечете фустан со таков принт тогаш ќе го покажете вашиот силен карактер.
Со ваквиот принт, играјте внимателно и секогаш одбирајте квалитетни материјали и никогаш не комбинирајте повеќе парчиња со животински принт наеднаш.
Во продолжение ви посочуваме триесет успешни комбинации со животниски принт што можат да ви послужат како инспирација за есенски стајлинг.