Дивата страна на жената на Кавали за оваа пролет

3 мај 2014

Жената во пролетната колекција на Роберто Кавали е самоуверена, доминантна, моќна и бескомпромисна во покажувањето на својата „дива“ страна. Италијанскиот крал на егзотичниот принт и за оваа пролет остана доследен на својот глам-рок пристап во визуелизацијата на современата жена со изборот на силвер бајкерски јакни, разресените детали на ракавите од кошулите и на здолништата, играта помеѓу транспарентните материјали и животинските принтови надополнети со накит во метални нијанси, мини чанти и високи потпетици во гладијаторски стил со многу испреплетени врвци до глуждот или високо до под колената.

Богататиот приказ на пролетно-летната линија ја следи препознатливата колорна карта на дизајнерот, со доминатни метални бои, претежно сребрена и секако неизбежните животински принтови, но и неколкуте креации во ментол зелена боја и суптилно розова боја кои балансираа помеѓу дивата и романтичната страна на жената и секако монохроматските комбинации во црна или бела варијанта.

 

Објавено:
3 мај 2014
Категорија: 
Колекции