Скриени пролетни модни фантазии во едиторијалот за февруарското издание на корејски Vogue

31 јануари 2014

 

Касија Струс во новиот едиторијал за февруарското издание на корејски Vogue ги надмина границите на имагинација во „Куќата за кукли“, презентирајќи идиличен спектар на чудно стилизирани модни изрази кои едноставно го пленија фотообјективот на фотографот Рафаел Стаелин, кој заедно со младиот уредник Је Јанг Ким создадоа атмосфера со која го најавија новиот модерен и уникатен пролетен стил.

 

 

Со интересни комбинации на парчиња облека и пригушен спектар на бои и нијанси се открива радосната мешавина на авангардноста во шминката, дело на Синтија Собек. Виножитото од бои кои се движат од русокоса, па се до пастелно розова ја најавуваат младешко темпераментната тенденција на фризури кои ќе ја обојат оваа пролет, за кои се погрижи Тамара Мекнагтон. Живописниот спектар на различни визии ќе бидат откриени во пролетните денови и ќе ги разбудат скриените модни фантазии.

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
31 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија