Со стил и на спортските терени

1 февруари 2014

 

Наоѓањето на вистинската облека која ќе биде најсоодветна за во теретана или друг спортски терен е прашање на баланс, особено за припадничките на понежниот пол. Од една страна, треба да се чувствувате удобно, комфорно и лежерно, а од друга стана пак, треба ја избегнете провокативноста. При наоѓањето на идеалните парчиња облека  приоритет треба да биде практичноста, удобноста, личниот стил, како и  кодексот на облекување кој го налага салата за вежбање или спортот кој го практикувате.

 

 

Кога веќе еднаш ќе влезете во „шема“, понатаму нема да имате никакви проблеми и недоумици. Важен сегмент кој треба несомнено да се земе предвид покрај моделот и изгледот на аутфитот е и материјалот од кој е изработен.  За се заштитите од различни алергии и негативни последици при вежбањето, најдобро е ткаенините од кои се изработени моделите да бидат памучни, бидејќи памукот ја апсорбира потта, тој е мек и нежен за вашата кожа. Градниците се тотално непрепорачливи кога вежбате, затоа одлучете се за топови кои се изработени од еластичен-памучен  материјал, и ви овозможуваат слобода и удобност.

 

 

Панталоните или тренерките со кои вежбате може да бидат тесни како хеланки или широки, тоа е сепак ваш избор, но најважно е да бидат направени од памук или еластичен-памучен материјал. Избегнувајте ги полиестерот или најлонот, тоа се ткаенини кои не ја апсорбираат потта, па подоцна може да ви предизвикаат проблеми со кожата. Доколку пак спортувате надвор, бидете внимателни без разлика дали се работи за лето или зима секогаш носете штитници, удобни обувки кои имаат имаат таканаречен респираторен систем за да ви дишат стапалата, крпа за да се бришете и шише со вода.

 

 

 

 

Објавено:
1 февруари 2014
Категорија: 
Тренд