Креативна недела во АКСЦ
•
1 февруари 2014
Автономниот културен социјален центар (АКСЦ) утре во своите простории организира креативна работилница во рамките на серијата „crea-TEA-ve Sundays“. Овојпат сите креативци кои ќе бидат заинтересирани за учество во истата, ќе имаат задача рачно да изработат кукли кои понатаму ќе бидат искористени за куклен театар.
Независниот културен центар секојдневно организира различни работилници, промотивни настани и дебати од различни области и на различни теми со цел активно да ги мобилизира младите луѓе во моделирањето на нивното секојдневие.