Џесика Спрингстен е новиот амбасадор на Гучи

4 февруари 2014

Американската шампионка во коњички спорт, Џесика Спрингстен, ќерката на рок легендата Брус Спрингстен, се приклучи на тимот од брендот Гучи, со тоа што стана спортски амбасадор на истиот. Во чест на оваа соработка, креативниот директор на Гучи, Фрида Џанини, дизајнираше специјална спортска колекција за јавање, која е наменета само за Џесика.

-Јавам од својата петта година и пораснав околу коњи. Да се јава во колекција што Фрида ја креираше специјално за мене е голема чест, но и задоволство да се јава со стил, изјавува Спрингстен.

Новата уникатна јавачка колекција, славната шампионка ќе ја носи на сите важни натпревари во дисциплината јавање со пречки.

Објавено:
4 февруари 2014
Категорија: 
Актуел