На модната недела во Милано, ревијата на Гучи ја отвори и затвори убавата Ања Рубик, а генијалната и неуморна Фрида Џанини си поигра со боите, па пролетната колекција се движи од нежно розoви нијанси до интензивната жолта и зелена боја.

Целата женствена колекција е збогатена со очила за сонце и неодоливи чанти. Ако боите се главната порака за преку ден, ноќта според Фрида е резервирана за црната и белата боја, па оние со подлабок џеб, сигурно не би им одолеале на елегантните долги бели фустани.

Објавено:
26 јуни 2013
Категорија: 
Колекции