Што да облечете денес?

7 февруари 2014

Почнете го денот  со модерна спортско елегантна комбинација преку која ќе внесете ведрина од вашиот изглед покрај зимското сивило. Нема да погрешите доколку се одлучите за кратки бермуди во беж нијанса под кои ќе облечете темни грилонки што ќе ве заштитат од студенилото. За денес ви предлагаме да го исклучите капутот од функција и да се одлучите за слоевито комбинирање на црно класично сако и дебел сив пуловер врз него, што ќе биде доволен да ве стопли. Моделот на чизмите може да биде по ваш избор , а нијансата на истите и чантата во форма на вреќа нека бидат во карамел нијанса. Уживајте во денот!

Објавено:
7 февруари 2014
Категорија: 
Тренд