Првиот едиторијал на Кејт Мос: Жестока рок приказна
•
7 февруари 2014
Навикнати да ја гледаме пред објективите, сега Кејт Мос застана позади нив и го реализираше својот прв едиторијал како моден уредник за мартовското издание на британски Вог. Според фотографиите, очигледно Мос рационално го искористила долгогодишното искуство како модел и создала жестока рок приказна помеѓу црно-белиот и екстремно колоритниот свет. Овојпат на нејзино место, како модел ја гледаме Дарија Вербови која позира пред фотографите Мерт Алас и Маркус Пигот.