Тимот на познатото модно списание Interview Magazine во своето ново септемвриско издание реши да им оддаде чест на шест великани од фотографскиот свет, а едицијата ја красат шест различни насловни страни на кои позираат шест холивудски диви кои владеат на модната и филмската сцена.
Креативците добија можност сами да ги одберат своите музи кои според нивното мислење и визија денес важат за вистинско олицетворение на женската убавина. Стивен Клејн ја одбра австралиската русокоса актерка Никол Кидман, Мерт Алас и Маркус Пигот се решија за црната пантерка, моделот Наоми Кемпбел, Патрик Демаркелер се одлучи за Кира Најтли, Грег Мекдин ја фотографираше актерката и модел Амбер Валета, Питер Линдберг откри дека не може да му одлее на францускиот шарм што го поседува Леа Сејдо, а пак Мајкл Џенсон се одлучи за својата миленичка Дарија Вербови.
Еве како изгледа поединечната визија и мајсторско уловените кадри на овие прекрасни жени.