Прада ја докажа својата популарност

13 февруари 2014

Италијанската модна куќа Прада објави дека профитот од заработувачката за 2013-та година им е зголемен за девет проценти повеќе од 2012 година. Вкупната заработувачка на брендот за изминатата година изнесува 3,58 милијарди евра.

-Иако владее нестабилна и негативна економска ситуација во Европа, ние како бренд не само што го одржуваме нивото на продажба, туку и доживеавме пораст на профитот, вели извршниот директор на Прада, Патрицио Бертели, кој предвидува дека приходите ќе продолжат да растат и оваа година.

-Инвестициите направени со важни маркетинг агенции се многу значајни како поддршката за имиџот на брендот, а токму таквиот стратешки потег сметаме дека ќе ни донесе и понатамошен напредок во 2014-та, изјавува Бертели.

Објавено:
13 февруари 2014
Категорија: 
Актуел