Жени на годината според угледниот магазин Glamour

5 јуни 2013

Вчера во Лондон беа доделени традиционалните награди на британското издание на магазинот Glamour посветени на најинспиративните и најизвонредните жени од светот на музиката, модата, филмот, театарот, телевизијата, спортот. По десетти пат уредништвото на магазинот ја додели и награда „маж на годината“, овојпат на актерот Даниел Ретклиф. Нововостановената категорија „жена на деценијата“ ѝ е доделена на Викторија Бекам, поранешната пејачка на Spice Girls која што денес се занимава со моден дизајн. Во модните категории за најдобра дизајнерка прогласена е Клер Вејт Келер од брендот Клое, а наградата за дизајнер на аксесоари ја доби Ема Хил од модната куќа Мулбери. Меѓу наградените се Рита Ора, Џеси Џеј, бендот The Saturdays, Рашида Џонс и Никол Шерзингер.

 

 

 

Објавено:
5 јуни 2013
Категорија: 
Сцена