Првите редови на NYFW беа резервирани за...

13 февруари 2014

Бидејќи организацијата на модната недела оваа година воведе строги правила со кои не секој можеше да биде дел од овој настан, многу е важно да се каже дека токму таквите промени доведоа до тоа Њујорк да се издигне во модна престолнина. Па така, покрај новите колекции на дизајнерите, голем број од присутните гости воодушевија со интересните стајлинзи и модни додатоци. Тие се буквално инспирација и начин за наметнување на трендови за претстојната сезона.

Модната недела не би била целосна доколку на неа не се појават познати имиња. Па така,  Каролина Куркова се појави на Desigual,  Оливија Палермо на ревијата на Питер Сом и Денис Басо, Лидија Херст на Кристијан Сириано, Рита Ора на DKNY, Алекса Чанг на Марк Џејконс,  а за останатите погледнете во галеријата.

Објавено:
13 февруари 2014
Категорија: 
Сцена