Доколку сте фан на трендовите во областа на маникирот, тогаш ние ќе ви предложиме три новитети кои ќе преовладуваат претстојната сезона.
Француски маникир
Бидејќи оваа пролет беж нијансата повторно се враќа на голема врата како во однос на модните парчиња, така и на лакот за нокти, добро би било да си набавите неколку нијанси на посветла и потемна беж боја и на врвот на ноктот нанесете контраст нијанса која дополнително ќе го зголеми ефектот.
Металик нијанси
Овој тренд владееше во есенските трендови, а својата популарност ја продолжува и претстојнава пролетна сезона и тоа со ист интензитет.
Геометриски принт
Доколку сакате да изгледате необично, тогаш вметнете ги геометриските принтови како во аутфитот така и во однос на ноктите, но направете комбинација од природни нијанси за да вашите нокти изгледаат негувано.