Стилски двобој: Џордан Дун или Алесандра Амбросио?
•
18 февруари 2014
Прва во овој модел се појави црномурестата манекенка со потекло од Британија, Џордан Дун. Светкавиот фустан со длабоко деколте и шлиц одлично ја истакна незината фигура, а за дополнување на изгледот, Дун се одлучи за минималистички накит и сандали со отворени прсти.
Ангелот на Викторија Сикрет, Алесандра Амбросио неколку месеци подоцна се појави во истата креација од Хуго Бос, но со широк ремен околу струкот во златна нијанса и со шпицести чевли во иста нијанса.
Според вас, која подобро изгледа во фустанот на Хуго Бос?