Амал Клуни и кралицата Летиција се едни од најстилските дами на денешницата, па очекувано е и да имаат сличен вкус за некои парчиња.
По завршувањето на посетата на Јужна Кореја, кралицата Летиција продолжи да одбира стилски парчиња за настаните во Мадрид, а во еден се усогласи со познатата адвокатка и сопруга на актерот Џорџ Клуни, Амал.
Станува збор за комбинација составена од свилена блуза во црна нијанса и сиво карирано здолниште со потпис на познатиот бренд Масимо Дути.
Комбинацијата таа ја надополни со црни високи потпетици и мала чанта од брендот Хуго Бос во чие кожено здолниште можевме да ја видиме пред неколку дена.
Амал пак, се појави во слична комбинација истиот ден во Њујорк, но сивото здолниште со асиметричен крој таа го украси со едноставна црна блузичка и долг црн елек одозгора.
Чантата и салонките во темна нијанса, само го надополнија и онака стилскиот изглед на Амал која носеше и црни очила за сонце, додека фризурата беше раскошна како и секогаш.
Чие издание ви се допадна повеќе?
Инфо: tportal.hr,
Фото: Daily Mail