Пред четири месеци откако Александер Ванг почна да работи на позицијата на креативниот директор на куќата Баленсиага.

Веќе со првата колекција беше сосема јасно дека младиот Ванг нема намера да ја менува естетиката на оваа куќа, туку ќе понуди една освежена верзија на Баленсиага кроевите.

Ресорт колекцијата која беше прикажана вчера, продолжува во носталгичен тон, со големо влијание од старите изработки на легендарниот Кристобал.

Додека во дневниот дел од колекцијата може да се забележи влијанието на спортскиот шик, кој Ванг одамна го популаризираше, вечерниот продолжува во посуптилен тон.

Дизајнерот си поигра со пеплум мотивот кој (зависно од моделот), го преместува од деколте на половина и грб.

Иако колекцијата ја красат сите основни елементи на Баленсиага дизајнот, линиите се видливо помеки и пофлуидни, точно прилагодени на денешната модна писта. Елегантните сандали збогатени со кожни ресички и позлатени копчиња, само ја надополнуваат приказната.

Објавено:
6 јуни 2013
Категорија: 
Колекции