Купувањето на детергенти е само еден од примерите кои покажуваат колку е тешко да се најдат вистинските производи. За потрошувачите успешно да можат да ги споредат цените на течниот детергент, капсула или прашок, треба да ги споредат колку литри, односно килограми тежат, или пак да ги споредат производите поединечно. Но, постои и поедноставен начин.
А.I.S.E. (Интенационална асоцијација за сапуни, детергенти и други средства за одржување) во 2004 година ја креираше т.н. washload иконата која го покажува бројот на просечни перења кои можат да се остварат со едно пакување на детергент. Иконата се наоѓа на предната страна на детергентот, најчесто во долниот лев агол, ако се наоѓате право пред полицата. Графичкото решение потсетува на кошница со облека, на која е позициониран голем број. Иконата универзално се поставува на сите облици детергенти, независно дали се работи за прашок, течен детергент или капсула. Решението за паметно купување е достапно веќе извесно време, само потрошувачите требаат да го применат.