Моќен, секси и неверојатно женствен-плакарот на Дита Вон Тис

1 март 2014

Бурлескна танчерка, модел и дизајнер, ова се првичните епитети кои што ја опишуваат една од најсексапилните дами во шоу бизнисот Дита Вон Тис. Сигурно голем број жени се прашуваат што се наоѓа во гардероберот на оваа прекрасна и мултиталентирана жена. Затоа денес ќе ви го пружиме и тоа задоволство да ѕирнете во плакарот на Дита Вон Тис, а можеби и ќе ве инспирираме во градењето на вашето модно секојдневие. Прво да почнеме од чевлите кои дефинитивно се фетиш на повеќето жени. Дита носи исклучиво модели на Лубутан, за кои што вели дека се правени токму како за неа.

„Едноставни, моќни, женствени, елегантни секси, чевлите со потпетици на Лубутан можам да ги носам и само на долна облека, а да изгледам неверојатно добро. Модната куќа ги прави специјално за мене, оние кои што се дизајнирани специјално за моите настапи се навистина посебни, а мојот омилен модел се црните салонки. Секоја жена треба да поседува барем еден пар добри потпетици во својот плакар“, открива танчерката.

Дита поседува и винтиџ парчиња фустани кои што љубоморно ги чува и вели дека тоа се безвременски модели што секогаш ќе бидат актуелни. Она што можеби фасцинира во нејзиниот плакар покрај обувките, се чантите, накитот и долната облека. Во продолжение погледнете ги фотографиите кои навистина ќе ве воодушеват.

 

Објавено:
1 март 2014
Категорија: 
Фото галерија