Фрида Густавсон амбасадор на Мејбелин

10 јуни 2013

Фрида Густавсон е новото заштитно лице на козметичката куќа Мејбелин, Њу Јорк. Младата швеѓанка на голема врата влезе во клубот на модели кои ја имаа честа да го рекламираат овој реномиран бренд, како Кристи Тарлингтон, Џулија Стегнер, Ерин Васон, Кемп Мул, Џесика Вајт, Шарлоте Фри и други.

 

 

„Фрида не воодушеви на модната писта, а нејзината убавина и позитивна енергија беа наша инспирација. Нејзиното држење и оптимизам, ја прават совршена и единствена, а тоа нас ни одговара“, изјави гласноговорникот на овoј бренд, Демиен Бертранд.

„Мејбелин жената ја красат снажност и самоувереност. Ми се допаѓа тоа! Возбудена сум и почестена што ме избраа токму мене“, вели  убавицаta од Стокхолм.

 

Објавено:
10 јуни 2013
Категорија: 
Убавина