Како ќе изгледа најновото шоу на Ријана

28 август 2013

Пејачката овие денови конечно го пушти промо-видеото за новото модно шоу кое ќе го носи називот „Styled to rock“.

Трејлерот ја прикажува Ријана како извршен продуцент на емисијата и трите ментори кои ќе им помагаат на учесниците да ги исполнат предизвиците. Тоа се Фарел Вилијамс, Мел Отенберг и Ерин Васон, кои ќе ги советуваат дванаесетте натпреваруваќи, а воедно ќе бидат и судии во шоуто.

Победникот ќе добие сто илјади долари во кеш, едиторијал во магазинот „Гламур“ и шанса да биде стилист на познати личности. Шоуто ќе почне да се емитува на 5.ноември.

Објавено:
28 август 2013
Категорија: 
Актуел