Трансформација каква што не сте виделе досега!

Ливерпулската панкерка Мел кон средината на минатата година се пријавила во популарното британско шоу "Snog, marry, avoid" со желба да го промени својот имиџ и останала пријатно изненадена кога на крајот се погледнала во огледало.

Имено, во само неколку чекори стилистите на шоуто ја претвориле Мел од „луда“ панкерка во секси, гламурозна девојка, скоро непрепознатлива за сите.

Вкупно 30 проценти од машките испитаници во шоуто сакале веднаш да излезат на состанок со неа.

И самата Мел признала дека никогаш не се чувствувала толку секси и дека тоа е голема промена во однос на нејзиниот стар имиџ.

Имено, британското шоу од време на време се наоѓа на удар на различни критики бидејќи пропагира погрешни животни вредности, но сепак, видеото на Мел за само еден ден стана вистински хит на социјалните мрежи.

Објавено:
25 февруари 2014