Србинката Наташа Војновиќ мистична во едиторијал за магазинот Бергдорф Гудман

8 март 2014

Триесет и четиригодишната Србинка Наташа Војновиќ која светот ја запозна по изборот Елит Модел Лук во 1997 година, сними одличен едиторијал за магазинот Бергдорф Гудман.

Во едиторијалот снимен на прекрасно, мистично крајбрежје, манекенката изгледа одлично во исклучителни креации на Прада, Александар Меквин и други актуелни светски дизајнери.

Сите фотографии од едиторијалот се направени од одличните Софија Санчез и Мауро Монгело, а истиот ќе биде објавен во пролетното издание за 2014 година.

Објавено:
8 март 2014
Категорија: 
Фото галерија