Србинката Наташа Војновиќ во шик есенско издание за Numero Tokyo

9 септември 2014

Секогаш харизматичната и полна со ентузијам, српската манекенка Наташа Војновиќ, изгледа неверојатно добро во неколкуте есенски стајлинзи фотографирани за септемвриското издание на Numero Tokyo.

Таа носи одлични парчиња од есенските колекции на светските дизајнери, а во истите позира пред објективот на Софиа Санчез и Мауро Монгиело.

Стајлингот му припадна на одличниот Фелипе Мендез, кој направи совршени стајлинзи за манекенката.

Наташа носи различни парчиња од есенските колекции на Фенди, Џорџо Армани, Баленсијага, а за нејзината шминка и фризура се погрижија Цирил Лало и Мариа Олсон.

Погледнете ја секогаш уникатната и единствена Наташа Војновиќ која секој пат плени со својата поразлична убавина!

Објавено:
9 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија