Канадскиот моден бренд оваа година ќе го прослави 42 роденден. Иако почетоците беа локални кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години, на почетокот на 21 век започнува да се шири прекуокеански, за денес да биде еден од најпосакуваните брендови за чевли во светот.

Алдо се познати по врвниот дизајн, женствената нота, провокативните кампањи и квалитетот. Новата пролетна кампања изобилува со чевли со висока потпетица од 10 до 15 сантиметри и чевли со полна пета. Исто така, понудата варира во однос на нијансите, односно од еднобојни, до двобојни и чевли со цветни и егзотични принтови.

 

Објавено:
12 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци