„Долче и Габана“ и магија се случи...
Прекрасните модели на неповторливите „Долче и Габана“ покрај тоа што изгледаат беспрекорно, секогаш знаат и добро да не насмеат.
Зад сцената на модното шоу за есен/зима 2014-15 на модната куќа, тие имаа малку време па снимија едно супер видео во кое тие во различни расположенија, го изговараат нивниот омилен збор „Долче и Габана“.
Секоја од нив изгледа подеднакво прекрасно и шармантно изговорајќи го името на нивниот омилен бренд кога се среќни, тажни, лути...
Погледнете го видеото и насмејте се со прекрасните модели и нивните солидни актерски вештини!
Пссст! Нашиот фаворит е Малика Фирт!
Објавено:
20 март 2014