Пролетна plus-size колекција на Изабел Толедо

21 март 2014

Се чини дека модниот свет почива на добро познатата девиза „Две глави се попаметни од една“, па во контекст на ова во наредниов период бевме сведоци на неколку исклучително продуктивни модни соработки. Питер Пилото се спои со Таргет, Изабел Марант го шармираше H&M, Кристофер Кејн соработуваше со J.Crew, а најновите модни вести се дека благодарение на Изабел Толедо новата капсулна колекција на брендот Lane Bryant, специјализиран за изработка на парчиња за покрупни жени е вистински полн погодок.

Особено импресионирачки се супер женствените линии, кроеви и дизајни на парчиња како туники, панталони, здолништа, кошули, палта и фустани обоени во боите на пролетта. Дури и најстрогите модни критичари оваа колекција ја окарактеризираа како една од најубавите и најстилските кои се појавиле на пазарот во последниов период. Изабел инспирацијата ја црпи од уметничкиот пристап кон модата и од жените кои „владеат“ во секојдневието низ градските улици, домови, канцеларии...

Вчера во Њујорк и официјално беше презентирана колекцијата за која се изработи и специјален лукбук со шармантни plus-size моделки.

 

Објавено:
21 март 2014
Категорија: 
Колекции