Запознајте го одблиску победничкото дуо на Fashion Fund 2014

29 јануари 2014

 

 

Питер Пилото е добитник на наградата која секоја година се доделува на манифестацијата Fashion Fund, со поддршка од Британскиот моден совет и британската едиција на списанието Vogue. Конкуренцијата беше голема, а дизајнерите кои го однесоа трофејот, бранејќи ги боите на својот бренд, се  Питер Пилото и Кристофер де Вос.

 

дуото Пилото и Де Вос дуото Пилото и Де Вос

 

„Кристофер и Питер, заслужија да победат оваа година. Тие останаа верни на својата визија во поглед на принтовите, дезените и боите кои ги користеле во изработката на колекцијата, но останале и  максимално фокусирани на тоа да го прошират својот бизнис, до ниво кое сега им овозможува да продолжат да се натпреваруваат на меѓународната сцена. Навистина беше големо задоволство да се работи со нив“, изјави Александра Шулман, која ја врши функцијата  уредник на британскиот Vogue и претседател на Британскиот моден совет.

 

дуото Пилото и Де Вос дуото Пилото и Де Вос

 

Питер се смееше, откако ги прогласија него и неговиот партнер Кристофер за официјални победници на шоуто.

„Сега кога е се готово, навистина ми олесна! Оваа ноќ беше посебно стресна за мене, ми се појавија и болки во грбот од што не можев повеќе да издржам, па морам да се консултирам и со медицинско лице. Но, сега кога заврши се чувствувам големо олеснување и огромно задоволство“, рече Пилото.

 

Ријана Ријана

 

Амбициозното дуо добива награда од 200.000 фунти, кои треба да ги искористат за развој на сопствениот бизнис, афирмирање на модниот бренд и на годишната програма за поддршка од експерти, преку советување, како и изработка на цврста стратегија како сето тоа добро да се испланира и спроведе во пракса.

 

Кејт Бланшет Кејт Бланшет

 

„Морам да признам дека веќе имаме приоритети на што ќе ги потрошиме парите. Мислевме и на тоа што ќе донесе и што треба да донесе наредната година на моден план. Возбуден сум што конечно влегуваме во следната фаза на нашиот бизнис“, вели Кристофер де Вос.

 

Ана дел Русо Ана дел Русо

 

По средбата за време на студирањето во Антверпен, престижната кралска академија за ликовни уметности во 2000 година, Пилото, кој е половина Австриец, а пола Италијанец и Де Вос, кој е половина Белгиец, а пола Перуанец, ја утврдуваат заедничката соработка во поглед на креирање нова модна етикета. Изградбата на уникатен моден ракопис со комбинирање на дигитални принтови на женски скулптурни силуети, Пилото стана омилен кај ѕвездите од различни возрасти кои црвениот килим го газеа облечени во негови креации, а оваа година успеа да се приклучи во редовите на дизајнерски имиња и создаде своја колекција наменета за американскиот моден бренд Таргет.

 

Пилото и Де Вос за американскиот бренд Таргет Пилото и Де Вос за американскиот бренд Таргет

 

„Питер Пилото и Кристофер де Вос се неверојатно динамично дизајнерско дуо, кое од самото лансирање на нивната етикета во 2007 година, ги освоија срцата на голем број фанови, модни уредници и публиката со своите живописни бои и интересниот микс на отпечатоци. Тие покажаа и докажаа дека со поседување на добра визија и континуираниот моден просперитет на нивната работа, може да се реализира глобален моден бренд“, завршува Каролина Раш, која е главен и извршен директор на Британскиот моден совет.

Без никаков сомнеж, општиот заклучок на сите е дека 2014 година ќе биде годината која ќе ја одбележи ова фамозно дуо.

Објавено:
29 јануари 2014
Категорија: 
Актуел