Музејот Гучи ги отвора портите - онлајн!

24 март 2014

gucci-museum01

Италијанскиот бренд Гучи, јубилејот од 90 години постоење го одбележа со отворање на музеј во Фиренца. На познатата Piazza della Signoria се наоѓа музејот Гучи, кој се протега на три ката.

Но, она што е новитет е што музејот сега може да се посети и онлајн. За таа цел, од неодамна започна со функционирање и нов сајт кој е преведен на дури осум јазика.

Содржините на сајтот се поделени во три оддела и тоа „Архив“, „Гучи и уметност“ и „Музеј“.

Во првиот дел можат да се видат чанти, вечерни фустани, логоа-та на компанијата, цветни принтови од колекциите, чанти од бамбус и веќе поставените и претставени изложби.

Вториот дел е посветен на информациите за изложбите за современа уметност, како и заедничките проекти на модната куќа со разни фондации. Во виртуелните ходници можете да се движите исто како низ музеј и да го видите низ перспектива од 360 степени, да ги разгледувате фотографиите и да ги гледате видеата посветени на историјата на италијанската куќа. Секоја фотографија или видео можете да го споделите на социјалните мрежи Фејбук, Твитер, Инстаграм, како и Јутјуб и Пинтерест.

Во продолжение погледнете дел од внатрешноста на музејот:

Објавено:
24 март 2014
Категорија: 
Актуел