Гучи - Човекот кој успеа да ги спои традицијата и модерното

26 март 2014

Гучио Гучи

На овој ден пред 140 години во Фиренца е роден Гучио Гучи, основачот на една од водечките модни куќи во светот, именувана токму по него - „Гучи“.

Како имигрант во Париз, а потоа и во Лондон работел во ексклузивни хотели, па токму таму започнува да го набљудува луксузниот багаж што го гледал кај богатите гости. Кога се вратил во родната Фиренца, во 1920-тата година, основал работилница за продажба на фина кожена галантерија во класичен стил.

Гучио бил еден од најдобрите кожари, па во работилницата изработувал и продавал и рачно изработени седла и торби за јавачите.

Внатрешноста на работилницата на Гучи во 1953 Внатрешноста на работилницата на Гучи во 1953

Во текот на Втората светска војна, компанијата изработувала чанти од памучно платно, а не од кожа, поради недостатокот на материјали. Но, неговите производи се разликувале од другите по потписот, односно двете букви GG, што се преклопуваат како во огледало.

Првиот бутик пак е отворен во Рим, а Гучи е заслужен и за пласирањето на нови елементи, како што се рачките за чанти изработени од бамбус. Во 1950-тите е лансиран добропознатиот ремен на риги, а потоа и кожените мокасини кои до денес останаа речиси неизменети. Токму во овој период, поточно во 1953 година модната куќа се проширува со основање на претставништво во Њујорк, а после неговата смрт истата година, компанијата заеднички ја водат неговите синови и внуци, што оваа империја ја доведува до работ на банкрот.

Гучио со родителите 

Гучио со родителите

За среќа, во 1989 година, на чело на компанијата доаѓа Даун Мело, под чие раководство оваа компанија повторно почнува да се движи по нагорна линија. Во 1994 година, благодарение на него, куќата прима нов член, дизајнерот Том Форд, кој на „Гучи“ ѝ ја враќа старата слава.

Денес на чело на компанијата е креативниот директор Фрида Џианини, која одлично ја води куќата и ја одржува популарноста.

 Во годините што следат, „Гучи“ ќе има повторно подеми и падови, но вистинска револуција и повторен живот ќе му вдахне Алесандро Микеле.

Тој на чело на креативниот оддел доаѓа во јануари 2015 година и прави комплетен пресврт. Ќе го вивне „Гучи“ во врвот, како некогаш, со една поинаква естетика која сите ќе ја прифатат. Еклектичен, колоритен, богат, Микеле ќе остави естетски белег. Иако во последните години не нуди ништо ново токму кога е естетиката во прашање, сепак го оддржува „Гучи“ на посакуваното ниво.

 

Во продолжени следат уште неколку интересни факти за оваа модна куќа:

-Модел на Гучи на насловна на Вог за првпат се појавува во 1946 година, на 15 ноември. Инаку, ова престижно модно списание 15 пати ја отстапило првата страница на овој бренд.

-Сопругата на Гучио, Аида Калвели била три години постара од него. Кога се земале таа имала 24, а тој 21 година. Инаку, таа била ќерка на кројач, а самата била шивачка.

- Во 1902 година се раѓа нивното прво дете, ќерката Грималда. Потоа во 1904 се раѓа Енѕо, но тој ќе почине уште во раните години од неговото детство. Веќе следната година се раѓа Алдо, во 1907 година Васко, а последниот Родолфо во 1912 година.

-Токму Алдо во 1933 година ќе го создаде препознатливото лого со превртените GG букви, инспириран од иницијалите на татко му.

-Во 1961 година Гучи отвора продавници во Лондон и Палм Бич, а следната година Њујорк Тајмс ја прогласува чантата со бамбусови рачки за „нов моден статусен симбол“. Со ваква чанта е видена и Џеки Кенеди како и Ингрид Бергман.

- Во 1966 година со помош на сликарот Виторио Акорнеро, Родолфо ќе го дизајнира најпознатиот цветен принт на свилен шал за Принцезата Грејс од Монако.

-Следната година Паоло ја дизајнира првата ready-to-wear колекција со нова линија на куфери.

- Во 1969 година Гучи ја презентира првата комплетна ready-to-wear колекција во Рим за време на модната недела за Висока мода.

-1970-тата година брендот ќе ја прошири својата линија и на вечерна облека.

-Следната година се отвора првата модерна фабрика во Фиренца.

-Во 1980-тата година Алдо го отпушта неговиот син Паоло од функцијата директор за дизајн.

чанти од 1980-тите

чанти од 1980-тите

-Ова претставува голем удар за внукот на Гучио, но тој одлучува да покрене бренд што ќе го носи неговото име, но семејството го спречува во намерата. Тоа всушност е и почетокот на јавната борба помеѓу двете страни.  Жалбата на Паоло ќе биде одбиена, а семејството го убедува да се врати како дизајнер.

-Сепак, во 1984 година, Доменико Де Соле кој го застапуваше семејството Гучи како адвокат во раните 1980-ти, ќе стане креативен директор на Gucci America.

-Во 1986 година Алдо Гучи поради неплаќање данок, треба да плати 7 милиони долари, а освен тоа бил казнет и со една година затвор.

-Во 1989 година на местото на креативен директор доаѓа Даун Мело, со што започнуваат подобрите денови за куќата.

-Во 1999 година чантата Џеки, именувана според Џеки Кенеди Оназис, редизајнирана повторно се лансира.

-Во 2011 година модната куќа прослави 90 години постоење.

Gucci fw 2012/13

 

Прочитајте и:

19 интересни факти за „Гучи"

Од милијарди до банкрот и назад

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Стории