Пет начини како сами да направите кратки панталони

12 јуни 2013

 

Кратки панталони со апликација на материјал на нив. Многу лесно. Тоа можат да бидат милеата од вашата баба. Земете еднакви парчиња за двете ногавици, и едноставно зашијте ги. Одлично оди во комбинација со тексас кратки панталони, потсетуваат на стил од дивиот запад.Комбинирајте ги со рамбовка или кошула.  Бидете секси каубојка!

 

 

 

 

Истиот начин можете да го повторите и со вториот начин на изработка на панталоните. Пак нека бидат тексас, а наместо апликации на ногавиците, земете материјал кој не ви треба, може тоа да биде со џипси мотиви, кои се доста актуелни периодов и да го зашиете на работ кај што почнуваат џебовите. Материјалот може да биде и подолг од панталоните. Комбинирајте со широка маичка, марама, ранец и многу накит.

 

 

Третиот модел на шорцеви нека биде во риги. Како да ги направите? Многу едноставно. Најдобро да бидат црни, ригите да бидат бели. Сега е доста модерен овој принт и затоа токму такви и панталони ќе направиме. Земате на црните кратки панталони лепите самолеплива хартија која претходно сте ја исекле во ленти кои ги лепите вертикално. Потоа со бела боја го бојадисувате делот измеѓу залепените ленти со хартија. Оставете да се исуши и спремни се за носење. Комбинирајте со некоја блуза во пастелна боја, за да дојдат до израз. Бидете урбано модерни и во тренд.

 

 

 

Следниот пример е исто така доста интересен и лесен. Земете пар кратки панталони и парчиња материјал кој не ви е потребен. Може да биде во иста боја со панталоните а може и друга некоја, во зависност од тоа што ви се наоѓа. Исечете го во вид на реси и потоа зашијте го на панталоните. Така ќе имате разресени кратки панталони, кои верувајте нема да ги најдете по продавниците. Бидете единствени и уникатни.

 

 

 

Последниот пример е таканаречениот и доста популарен периодов ombre стил. Земете тексас кратки панталони, една кофа во која претходно ќе ставите средство за избелување. Потопете ги пола панталони во избелувачот, а другата половина нека биде надвор од кофата. Нека постојат извесно време во кофата со избелувачот, потоа извадете исперете, исушете и спремни се за носење. Хипи стилот наголемо се враќа на модната сцена. Ете ви идеја како да ги комбинирате кратките панталони.

 

 

 

Објавено:
12 јуни 2013
Категорија: 
Направи сам