Како сами да си направите племенски ѓердан

22 јули 2013

Се што ви треба се плишена основа која е исечена во вид на полукруг, метални украси во случајов со форма на ливчиња, лепак,конец, игла и метално подолго синџирче.

 

 

Земате да лепите на плишената основа од металните украси и почнувате од долниот дел. Залепете ги подолу ливчињата така што плишениот материјал да не се гледа. Откако ќе завршите со лепење ред по ред од металните украси, на горниот дел од полукругот кој ви се допира до вратот, ќе го прицврстите металното синџирче со помош на лепак но употребете и игла и конец бидејќи синџирчете е тешко па конецот и иглата ќе ви помогната подобро да го фиксирате. Нанесесувате низи од синџирот додека не направите убава јака.

 

 

 

 

На плишаниот дел прицврстете две ленти од истиот плишан материјал со ќе можете да го врзете ѓерданот на вашиот врат. И спремни сте за уникатно освојување на градските улици и клубови. Погледнете ја галеријата!

 

 

 

Објавено:
22 јули 2013
Категорија: 
Направи сам