Сакате нов ѓердан кој ќе биде уникатен и нема да наликува на оние модели кои ги има во продавниците за накит. Можете и сами да го направите. Се што ви треба се неколку стари масивни и помали копчиња, бојата и формата одберете ја сами во зависност од она што веќе го имате, игла и конец, лепак, старо синџирче од некое друго ѓерданче кое веќе не го носите и малку материјал.
На материјалот наредете ги копчињата онака како што сакате да изгледа вашиот ѓердан, потоа земете едно по едно копче залепете ги и почекајте да се исуши лепакот, па крајните копчиња прицврстете ги со конец за материјалот. Следно што треба да направите е да го отстраните вишокот материјал, да не се гледа воопшто. И последниот чекор е да го зашиете синџирчето на крајчињата на самата тока која ја изработивте од копчиња. И готово. Новото парче накит е подготвени за да го носите. Делува скапо и оригинално, а ни требаа неколку реквизити, еден час време, малку љубов, креативност и фантазија.