Кралското семејство од Монако нема да го гледа филмот за принцезата Грејс

3 април 2014

Grace-of-Monaco-nicole-kidman-33262080-900-622

Кралското семејство од Монако е вознемирено од одредени елементи од претстојното филмско остварување „Грејс од Монако“, па токму затоа и нема да присуствува на премиерата.

Семејството побарало да го гледа филмот непосредно пред самата премиера, но продуцентот Пјер Анж ле Погам го одби барањето.

-Принцот Алберт е лут поради филмот. Тој е загрижен дека Грејс ќе биде величена, а принцот Рајнер е опишан како слабак и лидер само на едната страна, а згора на се и како маж кој ја контролира својата жена. Алберт стравува дека филмот ќе го омаловажи и озлогласи неговиот татко. Но, Пјер одлучи да не го прикаже филмот специјално за кралското семејство, како и нивното барање за измени. Така, тие нема да присуствуваат на премиерата - вели извор за Page Six.

Странските медиуми потенцираат дека односите помеѓу семејството и создавачите на остварувањето не се подобрени откако минатата година уште пред да започне снимањето, семејството ја доведе во прашање вистинитоста на филмот.

-Кралското семејство сака да нагласи дека филмот не е биографски. Тој прераскажува една непотребно нагласувана страница на историјата на Монако и ова семејство, со големи историски пропусти и измислени, фиктивни сцени - се вели во официјалниот коментар од кралскиот дворец.

Објавено:
3 април 2014
Категорија: 
Сцена