Како Мерилин Монро ја одржувала својата беспрекорна фигура?

3 април 2014

Прекрасната Мерилин Монро стана светски позната по нејзината беспрекорна, секси фигура, но би можеле да бидете изненадени кога ќе дознаете како истата ја одржувала.

Имено, пронајдени се досега необјавени фотографии од заводливата старлета како вежба со тегови во својот дом, направени од фотографот Филип Халсман.

Истите се направени додека таа се подготвувала за фотосесијата што требало да ја направи за LIFE магазинот. Една од направените фотографии била објавена во изданието на познатиот магазин од 7 – ми Април 1952 година, додека останатите фотографии не биле вклучени во фотосесијата.

Црно – белите фотографии ја прикажуваат прекрасната и шармантна Мерилин Монро како вежба со тегови во нејзиниот дом облечена во секси бели бикини и широки фармерки со висок струк.

На фотографиите може да се види дека старлетата била во неверојатно добра форма, а тоа особено се докажува и на онаа фотографија каде таа може да се види како стои на раце.

Она што е особено интересно е дека во времето кога била направена оваа фотосесија, таа сѐ уште не била многу позната, но сепак она што може да се забележи е дека дури и тогаш, таа знаела како вистински да ги придобие мажите со својата итрина и сексапил.

Во продолжение во галеријата погледнете ги необјавените фотографии, но потсетете се и на некои постари за кои веруваме дека ќе ви се допаднат.

Објавено:
3 април 2014
Категорија: 
Актуел