Што за убавината можеме да научиме од Мерилин Монро

22 мај 2013

 

Интересно е што Мерилин во 1952 година објавила книга со наслов „Како останувам во форма”, во која тогаш 26 годишната актерка опишува како со леснотија се негува. На висина од 164 см, Монро имала од 54 до 63 килограми,но на фотографиите зрачела со здрава убавина. „Искрено никогаш не помислував дека имам прекрасна фигура. Моја единствена грижа отсекогаш било да имам што да јадам”  - истакнала Мерилин во книгата, притоа мислејќи на тоа дека пораснала во сиромашно семејство..

Денес на жените ширум светот идоли им се ѕвезди од типот на Кејт Мос и Викторија Бекам кои се исцрпуваат со разни ригорозни диети.  Една неодамнешна студија покажала дека 65% од жените патат од некое пореметување на исхраната, а 10% имаат барем некој од овие симптоми.

Што јадела Мерилин?

„Наутро пред да се истуширам, загревам една чаша млеко и во неа ставам две јајца и ги мешам со вилушката. Тоа го пијам додека се облекувам и е сигурно подобар избор од пиењето пилули, а се сомневам дека било кој доктор ќе знае да предложи хранлив доручек за секоја вработена девојка која се брза . Моите вечери се едноставни. Секоја вечер купувам јунешки или јагнешки бифтек и тоа е тоа. Исто така морковите никогаш не ми здосадуваат” – напишала глумицата.

Таа никогаш не ги изоставувала слатките и обожавала да јаде сладолед.  Сепак се ранела здраво и никогаш не ги прескокнувала оброците. Предност им давала на протеините, а енергијата ја трошела на вежбање.

Вежбање

Иако не сакала, сепак морала да вежба. Веднаш по станувањето наутро правела вежби со тегови од 2 килограми, а вежбите ги осмислувала сама и траеле од десет минути до половина час, во зависност од нејзиното расположение.

Фитнес гуруто Далтон Вонг смета дека нејзиниот став бил исправен бидејќи го слушала своето тело. Неодамнешното истражување кое било објавено во весникот „The Lancet” покажало дека за секој возрасен човек доволно е да вежба по 10 минути дневно и дека вежбите со тегови помагаат во одржувањето на тонусот на мускулите и активирање на метаболизамот. Според ова истражување 90% од жените се незадоволни од изгледот и две третини од нив би направиле некоја естетска корекција.

Но Мерилин и успешните жени од нејзиното време не се грижеле за такви работи. Ова можеби би требало да биде пример за денешните селебрити кои ја жртвуваат природната убавина со благодетите од пластичната хирургија и со тоа им даваат невкусен пример за големиот број фанови кои нив ги сметаат за стилски идоли.

Објавено:
22 мај 2013
Категорија: 
Сцена