Еден од најголемите британски синџири за козметички препарати „Superdrug“, кој постои од далечната 1964 година, спроведе истражување меѓу своите клиенти кои имаа задача на листа од 50 славни русокоси, бринети и црвенокоси да ја изберат најмаркантната модна икона од изминатите 50 години.
На овој ласкав список се најдоа 33 бринети, 16 русокоси и само една црвенокоса дама, Рита Хејворт. Крајните резултати од истражувањето ја ставаат Одри Хепберн на највисоката позиција, додека второто место го делат три русокоси, принцезата Дајана, Грејс Кели и Брижит Бардо. Во продолжението на листата стојат имињата на: Елизабет Тејлор, војвотката од Кембриџ, Анџелина Џоли, Кетрин Зета Џонс, Кели Брук, Мила Кунис, Џеки Кенеди, Викторија Бекам и Алекса Чанг.
-Во текот гласањето, испитаниците имаа задача да ги земаат во предвид целосниот изглед на селектираните убавици, а со самото тоа што се најдоа на таа листа , според нас ги прави посебни, истакнува менаџерот на „Superdrug“, Симон Коминс.