Британската мода се наоѓа пред голем пресврт и тоа финансиски. Гигантите Малбери и Барбери ги менуваат своите цени, секој според одѕивот на бренто на пазарот.
Третото финансиско предупредување до брендот познат по селебрити чантите, Малбери во изминативе неколку месеци, се чини беше премногу. Креативниот директор Бруно Гјон изјави дека брендот ќе ги приближи цените до пристапниот Мајкл Корс, а ќе ги оддалечи од саканите финсиски точки од рангот на Баленсијага и Прада. Ситуацијата е таква да мора да се прилагодат на пазарот, но тоа не значи дека е безизлезна.
Постариот британски конкурент Барбери пак, е во мошне поповолна ситуација, а заинтересираноста на азискиот пазар расте. Така од брендот соопштуваат дека цената на нивните производи не би требало посебно да се менува, но доколку конкуренцијата одлучи да ги покачи, тие ќе ги следат.