Тип-топ предлог комбинации за свадба

24 април 2014

Се наоѓаме во период кога по завршувањето на постите на големо почнаа свадбените прослави, а вие сигурно си го поставувате прашањето што да облечете како гостинка на прославата. Во продолжение имаме неколку предлози што може да ви послужат како инспирација. Секако, прво што ни паѓа на памет се свечените фустани, а нив ви ги нудиме во неколку варијанти. Секако, имаме алтернатива и за сите вие што сакате да носите панталони наместо фустан.

 

 Предлог 1: Сјајно и гламурозно

Металик текстурите се идеални за ваков свечен тип на прослави, затоа наш предлог се сребрени металик коктел фустани во едноставен крој, како и такви прекриени со светкави шљокици.

Предлог 2: Правилен избор на светли нијанси

Според бонтон, бел фустан на венчавка треба да носи само невестата, за останатите гости оваа боја по правило е „забранета“. Секако, вие треба да се придржувате кон ова начело, но затоа доколку сакате да носите некоја светла нијанса, тогаш таа нека биде во шампањ или нијанса на слонова коска.

 

 

Предлог 3: Црната секогаш е вистински избор

Со црните комбинации секогаш имате полн погодок во однос на елеганција и маркантност.

 

Предлог 4: Класични принт панталони

Доколку повеќе преферирате да носите панталони, наш предлог е да изберете модел со висок струк, колоритен цветен или геометриски принт. Ваквите кроеви и лесни текстури се идеални за свадбена свеченост.

 

Предлог 5: Романтични здолништа во А крој

Нема сомнеж дека ќе бидете гостинка со романтичен и сензуален изглед. Комбинирајте ги со некоја еднобојна кошула, корсет или топ. Во однос на должината ваквите форми издледаат одлично и во миди и во макси должина.

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Бела соба