Што да облечете денес?

29 април 2014

Контрирајте му на меланхоличното и сиво време со тоа што денес ќе облечете романтична кежуал комбинација од која акцентот е ставен на впечатливиот цветен принт. Бебешко розовата  и кралско сината  боја се апсолутен хит од светските модни писти за оваа сезона, а воедно се компактни како за дневна  така и за вечерна комбинација. Денес потенцирајте ја женственоста со тоа што ќе облечете чевли на висока потпетица. Имајте убав ден!

Објавено:
29 април 2014
Категорија: 
Тренд