Со модните новитети, оваа сезона направете чистка во гардероберот, исфрлете ги старите парчиња кои одамна го изгубиле својот сјај и сменете го целосниот стајлинг, од глава до петици.

Исфрлете ја црната чанта – Иако црната чанта е класика и со неа никако не можете да погрешите, сепак превземете моден ризик. Оваа сезона вашата стара чанта заменете ја со чанта во повпечатлива боја. Експериментирајте со боите, бидејќи тие ќе бидат моден императив оваа пролет и лето.

Образите во прв план  - Откако минатите сезони акцентот беше ставен на истакнатите усни и очи, време е за промена на досегашната рутина со потенцирање на образите во светли и розеви нијанси. Не само што овошните бои даваат свежина на вашиот изглед, туку новиот стил на шминкање ќе придонесе да изгледате убаво, без многу мејкап.

Огрлиците заменете ги со обетки – Наместо предимензионален накит во форма на огрлица, одберете различни форми на обетки, кои на вашиот изглед ќе му дадат нова димензија.

Вложете во панталони - Тесните фармерки се најчест избор на девојките, но оваа сезона тие ќе бидат заменети со друг модел.  Панталоните ќе бидат во винтаж стил, со висок струк, а инспирацијата доаѓа од седумдесетите години на минатиот век.

Новиот изглед започнува од главата – Доколку сте спремни да ја промените фризурата, ние ќе ви понудиме модел кој ќе биде тренди и лесен за одржување. Станува збор за боб фризури со виткани врвови кои одговараат на сечија форма на лице.

Објавено:
15 јуни 2013
Категорија: 
Направи сам