Додатоци за коса од ревијата на Долче и Габана

24 септември 2013

Минатата сезона акцентот го ставија на свилените марами во јаки бои и модели кои на пистата шетаа со круни на главите. А за оваа сезона, Долче и Габана се претстави со монети, цвеќиња, кожни ремени и тоа се во комбинација со масивни обетки.

За комплетен изглед, моделите имаа фризури во стилот на антички божици, а шминката овој пат беше во насока на истакнување на природната убавина. Односно, тенка линија од туш на горните капаци, нежна беж сенка на очните капаци, нагласено руменило на образите и нежно розови нијанси на кармин.

Објавено:
24 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци