Едноставен тест за убавина – вистински хит на Интернет!

2 мај 2014

Овој едноставен „тест за убавина“ кој што стана вистински хит на Weibo – кинеската верзија на Фејсбук, открива дали некоја личност е убава или не.

Сѐ што ви е потребно е вашиот прст показалец кој како најдобра метода ќе одреди во која група спаѓате.

Тестот го нарекуваат „прст – замка“, а истиот ќе го направите сосема едноставно доколку го поставите прстот од брадата до носот и доколку истиот ви ги допре усните тоа значи дека сте убави и дека лицето ви е совршено симетрично.

Ваквиот тест стана вистински хит на Интернет, а веднаш по објавата многубројни кинески познати личности го испробаа овој метод и се пофалија со своите фотографии на социјалните мрежи.

Тестот на Weibo покрена повеќе од 200.000 дискусии, во кои најчесто учеснички се жените.

„Проверката на убавината“ преку овој тест се базира на теоријата 3:1, користена од голем број на пластични хирурзи ширум светот кои сметаат дека убавината се заснова на совршениот однос помеѓу носот, устата и брадата.

Според нив, тие мораат да бидат во совршена линија.

Го направивте ли веќе тестот?

Објавено:
2 мај 2014
Категорија: 
Актуел