Српска блогерка најдобро облечена според „Vanity Fair“

6 мај 2014

Уредниците на американското издание на магазинот „Vanity Fair“ ја прогласија белградската блогерка Јелна Вишниќ за најдобро облечена жена за месец април, во конкуренција од  модни блогерки ширум медитеранот. Јелена  вели дека е изненадена од одлуката на уредниците.

Vanity-Fair Vanity-Fair

-Интересно ми е тоа што јас на мојот блог „Диотима“ се обидувам да испратам сосема поинаква порака. Во согласност со нашите можности како да се облечете убаво со помалку пари. Оние што ги разгледуваат страниците на мојот блог знаат дека најмногу носам парчиња купени во секнд хенд продавници и слично. Исто така популаризирам што повеќе рачна изработка на наши дизајнери, изјавува Јелена.

Ова не е првпат Јелана да се најде на страниците на познат моден магазин, а се појави и на италијанското издание на „Вог“.

 

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Актуел