Нов хотел на Салваторе Ферагамо во Фиренца

7 мај 2014

Новиот хотел се наоѓа на брегот на реката Арно со поглед кон еден од најпознатите знаменитости на градот – мостот Понте Веќо. Ентериерот на сите соби и 34 апартмани е во стилот на 50-тите години.

Внатрешноста на бутикот е направена според највисоки канонски стандарди – од навлаки за мебел скроени од ткаенина со највисок квалитет, до избор на три нијанси кои преовладуваат во просторот од која најдоминантна е беж нијансата, со детали во сива и бакарна боја. Посебен шмек даваат црно – белите фотографии со модни икони од 50-тите години кои даваат дополнителна автентичност на целиот ентериер.

Објавено:
7 мај 2014
Категорија: 
Актуел